Од полноќ пониски цени на горивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ поевтинуваат за еден денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува иста.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 109 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 111,50, на ЕУРОДИЗЕЛ 109 и на Екстра лесно 107 делари за литар.

За 0,9 денари поевтинува и мазутот, и еден килограм ќе чини 53,3 денари.

Коментари

коментар(и)