Од полноќ поскапуваат горивата

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,00 денар/литар и ќе изнесуваат за ЕУРОСУПЕР БС-95  65,50 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство  ќе изнесува 45,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и од полноќ ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот изнесува 35,396 ден/кг.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)