Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Пензионерите од утре ќе може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши утре, за пензии со висина од 11.000 до 14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 30-ти (среда); за пензии со висина од 14.000 до 18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 01-ви  (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе биде на 02-ри (петок).

Коментари

коментар(и)