Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на пожар во две семејни куќи.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, во семеен дом на улицата „Народна Револуција“ вчера била опожарена една соба од плинска боца.
Интервенцијата траела еден час. Во пожарот е причинета материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува, додаваат од РЦУК.
Вториот пожар бил во семејна куќа во кумановското село Черкезе, каде се претпоставува дека причина за избувнувањето е опожарен бојлер.
Пожарот ја зафатил и оштетил кровната конструкција на објектот.
Висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.