Паркиран автомобил вчера бил опожарен, информираат надлежите. Според СВР Куманово, вчера во 10 часот во СВР Куманово , 29-годишен кумановец пријавил дека на улицата „Клара Цеткин“ во Куманово настанал пожар во неговото патничко моторно возило „форд“ кое било паркирано. Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.