Општината вклучена во уредување на пунктовите за вакцинација

Во Куманово од денеска започна масовна вакцинација на населението против COVID-19. Вакцинацијата ќе се реализира во регионалниот вакцинален пункт, кој е сместен во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков”-Куманово (паралелки на албански наставен јазик), кое се наоѓа во поранешна касарна Карпош, населба Бедиње.

Вакцинацијата ќе се одвива согласно Стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Општина Куманово е вклучена во уредување на вакциналните пунктови и обезбедување на потребна помош за непречено одвивање на процесот за масовна вакцинација, стои во соопштението од Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)