Врз основа на програмата на Секторот за меѓународна соработка, евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој, општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2022 година.
На овој начин се подржуваат идеи и автентични трудови, со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќи ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. Се дава подршка и мотивација за работа на дел од занаетите.
За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.
Kритериумите за учество се следни:
- Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот;
- Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
- Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други;
- Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени;
- Краен рок за доставување на трудовите е 23 ноември (среда) до 15:00h;
- Наградата за „Сувенир на oпштина Куманово” е една и изнесува 100.000,00 денари без ДДВ;
- Наградата ќе биде поделена на два дела:
- Првиот дел во износ од 30.000,00 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд;
- Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Oпштина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари;
- Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик до општина Куманово со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово”
- Пријавата треба да ги содржи основните податоци на авторот.
За избор на “Сувенир на општина Куманово”, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 15 дена од завршувањето на постапката.
- Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
- Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
- Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.