Општината инвестира во ООУ „Вук Караџиќ“

Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека е започната реконструкција на тоалетите во ООУ „Вук Караџиќ”, а проектот вклучува и нова влезна порта на училишниот двор.

Вo иднина се планира поставување на нова енергетско ефикасна фасада на целиот училишен објект.

Во изминатиот период во оваа училиште се реализирани повеќе проекти: изградено е ново мултиспорт игралиште со тартан подлога, голови, кошеви и трибини во училишниот двор, беа заменети сите прозорци со нови енергетско ефикасни ПВЦ прозорци на целиот училишен објект, целосно беше реконструиран кровот на училиштето.

Коментари

коментар(и)