Османи: Се прават напори да се извлечат нашите граѓани од Украина

Семејството со новороденчето е извлечено од Харков, не се излезени се уште од Украина, но се безбедни, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Денеска уште едно семејство од Запорожје со воз излегуваат од Украина и двајца поединци, исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од тие вкупно 30 монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина, изјави Османи.

Другите граѓани, посочи, ги комуницирале вчера, бидејќи денеска обезбедиле еден коридор.

Коментари

коментар(и)