Ќе се одржи состанок на Локален совет за превенција

Општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово в петок ќе организираат состанок на Локалниот совет за превенција. На состанокот ќе се разговара за следните теми:

  1. Сообраќај и непрописно паркирање на возила,
  2. Изложбен простор пред деловни продажни објекти и тераси пред угостителски објекти,
  3. Контрола и превенција на јавни депонии.

Состанокот ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 13 часот.

Коментари

коментар(и)