(ВИДЕО) Градинката „Ангел Шајче“ во проект „Социјална кохезија и културен дијалог“

„Социјална кохезија и културен дијалог“ е насловен проектот во кој наредните шест години ќе биде вклучена кумановската градинка „Ангел Шајче“. Проектот го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ и амбасадата на Велика Британија.

Надлежните информираат дека проектот опфаќа програма која овозможува баланс на развој на когнитивните вештини и писменоста, со посебно внимание на емоционалниот и социјалниот развој, со примена на нови алатки, стратегии и техники.

-Сето тоа во нашата градинка и воопшто во сите градинки каде што се имплементира овој проект се работи преку едни нови техники, алатки, рутини и стратегии. Секојдневно на дневна основа започнувајќи на доаѓање на децата во градинка до нивното заминување. Тоа не завршува во градинка, се пренесува и на самите родители и се препорачува и овие нови техники да продолжат да ги надоградуваат со децата дома во домашни услови. Затоа УНИЦЕФ овозможи на МТСП да формира, дизајнира нова програма за воспитувачите од предучилишните установи поточно се започна со подигнување на компентенциите на самите воспитувачи, едукатори за да можат тие да работат како едуцирани, подобро да им го пренесат тоа на децата, преку овие нови алатки. Потоа за подобрување на условите за работа, за подигнување на самосвеста кај децата за себе, препознавање на своите емоции, да ги знаат, да ги вербализираат, да научат да ги ценат различностите кај луѓето и да ги прифаќаат и меѓусебено сите во групата да си се прифаќаат-истакна директорка на кумановската градинка, Марина Алексовска.

Од градинката истакнаа дека се горди што се дел од сите проекти кои што ги работи Министерството за труд и социјална политика.

-Самата програма „Социјална кохезија и културен дијалог“ е многу важна, затоа што кај нив привично се развиваат социоемоционалните вештини кај децата што е една од најважните карики за понатамошниот живот да се формира детето во зрела и комплетна личност во општеството-дополни Алексовска.

Проектот ќе се реализира наредниве шест години.

 

Коментари

коментар(и)