Стоковни резерви имаат доволно, тврдат надлежните

Нема места за загриженост на граѓаните и не треба да се шири непотребна паника, како што се ширеше минатата година, кога се појави вирусот и кога граѓаните настојуваа да се снабдат со намирници за подолг период. Стоковните резерви по закон се покриени со сите количини што треба да ги има во складовите на Агенцијата, а уште толкава количина имаме и кај приватните складишта, што значи дека не сме во кусок, изјави за „Утрински брифинг“ Реси Абдурахмани, директор на Агенцијата за стокови резерви.

Дека државата има доволни стоковни резерви за задоволување на потребите на граѓаните, потврди и претседателот Стево Пендаровски , но додаде дека проблем може да настане доколку кризата во Украина потрае подолго и тогаш ќе бидат потребни интервентни увози.

– Процените се однесуваат на реалните факти изнесени од премиерот. Ние сме пополнети во стоковните резерви. Проблем ќе биде ако ова со Украина потрае подолго. Тогаш ќе треба да правиме интервентни увози. Србија донесе одлука да не прави извоз на животно битни ресурси. На берзите се качија цените не само на нафтата туку и на житото – истакна Пендаровски.

Сепак, доколку дојде ситуација да биде потребен интервентен увоз на жито, нашата земја според познавачите на овој бизнис ќе се обрати до Србија како долгогодишен трговски партнер.

Коментари

коментар(и)