Осуммина новозаболени од ковид 19 од Куманово

Во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на КОВИД-19. Од новозаболените осуммина се од Куманово.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 800.

Коментари

коментар(и)