Осум новозаболени од ковид 19 во Куманово

Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19: Од нив, Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови. Бројот на активни случаи изнесува 770. Во Куманово активни се 72 лица.

Коментари

коментар(и)