Отворен ден и бесплатни прегледи во Центарот за дијализа Диаверум

Центарот за дијализа Диаверум организираше Отворен ден за пациентите и нивните семејства. Клиниката ја посетија стотина пациенти со нивните семејства, кои се запознаа со културата за вистинска грижа и бубрежна нега која го подобрува нивниот секојдневен живот.

Димитар Клисаровски, директор на Центарот, потенцираше дека со овој настан се отвораат вратите на Диаверум за пошироката јавност. Тој ги запозна присутните за се што прави оваа шведска компанија во однос на пациентите на дијализа.

„Нам ни е важен придонесот кој го даваме за подигнување на свеста за хроничното бубрежно заболување и раната превенција на болеста во нашето општество. Во последните 3.5 години, од денот кога Диаверум влезе во Македонија, инвестиравме 2,3 милиони евра во подобрување на стандардите во сите наши 9 дијализни центри. Нашата мисија е да помогнеме да се подобри квалитетот на живот и нашите пациенти да имаат исполнет живот“, рече Клисаровски.

Досега, Центарот ги подигна стандардите за нега на пациентите согласно Диаверум стандардите, базирани на многу строги критериуми, изгради комплетно нова клиника во Куманово на почетокот од 2020 година по најсовремени светски стандарди за дијализни центри, ги подобри медицинските резултати во сите клиники во изминатите 3,5 години за 30%, даде максимална поддршка на системот и во Ковид центарот во ГОБ 8-ми Септември во справување со Короната каде стави на располагање 3 дијализни машини на бесплатно користење.

Меѓудругото, за пациентите е воведена апликација d.Care која помага тие активно да се вклучат во нивното лекување. „Во Клиниката воведовме вештачка интелигенција која е од голема поддршка за нашиот персонал и носи големи придобивки за нашите пациенти. Првиот проект од овој тип е алгоритам за прескрипција на лекови за подобрување на анемијата на пациентите. Овој систем функционира веќе една година и значително се подобрени резултатите за анемија на нашите пациенти. До крајот на 2023 година во сите 9 центри, дијализните машини ќе бидат поврзани со таблет“, објасни директорот Клисаровски.

Исто така, Диаверум Македонија испрати барање за вклучување на сите амбуланти во мрежа за да се обезбедат поголеми капацитети во преглед на преддијализни пациенти и одложување на прогресијата на болеста.

На крајот на ноември, директорот Клисаровски најави дека во Диаверум Македонија ќе дојде медицинскиот офицер, д-р. Фернандо Макарио, кој ќе учествува на тркалезна маса со сите доктори кои работат со хронично бубрежно болни пациенти и на која би се дискутирало за моменталните трендови во нефрологијата во светот и што може се да направи за да се помогне пациентите да имаат исполнет живот.

Коментари

коментар(и)