Викендов санкционирани 181 возачи

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на  Куманово санкционирани се вкупно 181 возачи, од  кои 79 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 38 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 52 останати видови прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)