Триесет и седумгодишен кумановец вчера бил лишен од слобода заради превезување на мигранти.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 13.30 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово лишиле од слобода 37-годишен жител на с. Сопот.
Според МВР, тој бил затекнат како во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица мигранти од Република Турција од обиколницата во с.Табановце до селото Сопот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.