Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведе превентивна кампања по повод почетокот на зимската сезона, кога стапува во сила и законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата што учествуваат во сообраќајот.
Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска упатува апел до сите граѓани, возачи и останати учесници во сообраќајот, без разлика дали се движат низ градските улици или на меѓународните линии, доследно да ја почитуваат законската обврска.
Целта на кампањата е подигнување на свеста кај возачите за важноста од навремена подготовка на возилата за зимските услови и придонес кон побезбеден сообраќај, со што ќе се спречат сообраќајни незгоди и загуба на човечки животи.