ОУ „Кочо Рацин“ со акција „Даруваме радост“

Основното училиште „Кочо Рацин“ денеска организираше хуманитарна акција, под мотото „Даруваме радост“. Учениците од прво до деветто одделение даруваа свои играчки, кои утре ќе им бидат доделени на десет социјално ранливи семејства.

-Досега имаме организирано многу хуманитарни акции меѓутоа годинава за прв пат под проект којшто го реализираме во март, а планираме да продолжиме и наредната година, иста акција но не со играчки, туку со собирање на книги и сликовници. Има огромен интерес и навистина сме благодарни на дечињата и нивните родители, бидејќи кога даруваме од срце, споделуваме нешто што е наше, тогаш и негуваме трајни човекови вредности-изјави Анита Димовска, координатор на проект, професор по англиски јазик во ОУ Кочо Рацин.

Учениците изразија задоволство што со своите играчки ќе предизвикаат насмевка кај нивните сограѓани.

-Пред се тука сме за да помогнеме во оваа организација бидејќи знаеме дека играчките ќе отидат за деца на кои навистина им е потребно. Од секое одделение се донесе навистина голем број играчки -изјави ученичката од деветто одделение, Сара Манасиевска.

 

Инаку оваа акција училиштето „Кочо Рацин“ ја спроведува во соработка со Центарот за социјални работи, општинската организација на Црвен крст и родителите на учениците.