ОШЗС со препорака да се почитува забраната за движење низ шуми

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со моменталната состојба и справување со пожари на територија на општина Куманово, како и мерки и активности кои ќе бидат превземени за заштита и спасувње при евентуална појава на пожари.

На состанокот беа поканети и претставници од институции кои може да помогнат со материјално технички и човечки ресурси за справување со пожаирте и беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Општинскиот штаб за заштита и спасување дава препорака да се почитуваат мерките и препораките од Влада на Република Северна Македонија, поточно, да се почитува забраната за движење во шумите и шумските појаси, како и забрана за палење на стрништа како превентивна.  Од страна на штабот, ги информираме граѓаните дека на територијата на општина Куманово има еден пожар на потег од с. Јачинце, с. Довезенце и с.Бељаковце, како и саниран пожар во мирување во с. Мургаш, сите расположливи екипи за гасење на пожари, се упатени на наведените локации.

Дополнителните расположливи тимови на ТППЕ Куманово, асистираат на соседните општини во регионот на Старо Нагоричане.

Да се почитува забрана за движење во шумите и шумските појаси, како и забрана за палење на стрништа како превентивна мерка.

Коментари

коментар(и)