СВР Куманово информира дека вчера кумановец пријавил дека на улица „Благој Илиев Гуне“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“.
Полициски службеници го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.