Петмина новозаболени од Куманово

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. Од нив од  Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2 и Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: од нив 2 од Куманово на 69 и 57 години. Регистрирани се 90 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)