Во сообраќајна незгода која се случи вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе повредени се две лица, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди.
Според МВР, вчера околу 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 57-годишен жител на Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано 34-годишен кумановец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето од Свети Николе, а со телесни повреди завршил кумановецот, констатирани во Општата болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението на МВР.