Повредени пешаци на „Октомвриска“ и „Ѓорче Петров“

Во сообраќајна незгода на „Октомвриска револуција“ која се случила по 09 часот потешко бил повреден пешак, стои во дневниот билтен од регионалниот центар за управување со кризи.

По незгодата веднаш интервенирала Итната помош, по што пешакот по укажана помош веднаш бил префрлен во Ургентен Центар во Куманово на понатамошно лекување.

Итната медицинска помош од Куманово интервенирала на уште една сообраќајна незгода, која се случила на улицата Ѓорче Петров. И во овој случај пешак се здобил  со тешка телесна повреда ( фрактура на потколеница) и веднаш е префрлен ва Ургентен Центар Куманово.

Коментари

коментар(и)