Неколку информации од дневниот билтен на СВР Куманово.
Вчера во полицијата од Итната медицинска помош е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 55- годишен жител на с.Матејче, општина Липково. Според пријавеното, тој со повредите се здобил на ул.„11 Октомври“ во Куманово додека извршувал градежни работи. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Куманово во соопшти дека вчеравечер на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници лишиле од слобода 21-годишен кумановец. Според полицијата, при сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки и проверки, било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Куманово.