Идните средношколци денеска и вчера ја доставуваа потребната документација во училиштата за упис во прва година. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот. – Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 29 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето.