Здружението на просветни работници Куманово денеска во Занаетчискиот дом свечено ги прогласи првенците на генерацијата во основните и средни училишта за учебната 2025/26 година, кои што посетуваат настава на македонски и албански јазик.
Признанија, монети со позлата и ваучери од име на Општина Куманово им беа врачени на 32 ученика од кумановските основни и средни училишта и основните училишта од Општина Старо Нагоричане, а од страна на Здружението на просветни работници им беа доделени дипломи и плакети.
Најуспешните ученици ги поздравија претседателката на Здружението на просветни работници Анита Димовска и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кои што им посакаа повисоки достигнувања во понатамошното образование, а потоа им ги доделија и признанијата.
„Да се биде најдобар значи да се носи одговорност, да се биде пример и да се отвора патот за другите. Тоа е огромна и заслужена чест, но и обврска да се биде чесен, доследен, храбар, достоинствен и посветен и покрај сите предизвици. Продолжете да сонувате, да создавате и да верувате, бидејќи вие сте иднината – и ваша и наша“, порача Димковска.
Дипломите и наградите на првенците на генерацијата од трите основни училишта во Општина Старо Нагоричане им ги врачи градоначалникот Мирослав Славковски.
За несебична поддршка на активностите на Здружението на просветни работници Куманово за 2026 година беа доделени благодарници на градоначалникот на Куманово и Советот на Општината, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ, на училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“, балетското студио „ Ултра“, Фондацијата за култура и спорт, членовите на Здружението на просветни работници и на локалните медиуми.
Манифестацијата со музички настап ја збогатија учениците и наставниците од УОМО „Панче Пешев” – Куманово и членовите од балетското студио „Ултра“.
Средни училишта во Општина Куманово:
Ива Додевска – СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
Мила Дениќ и Блерона Бериша – СОУ „Перо Наков“
Фидан Ибраими – СОУ Гимназија „Сами Фрашери“
Теа Велковска и Деа Сабедини – РЦСОО „Киро Бурназ“
Основни општински училишта:
Михаил Додевски – ООУ „11 Октомври“
Дрин Џемали – ООУ „Бајрам Шабани“
Адеа Радончиќ – ООУ „Наим Фрашери“
Петар Николовски- ООУ „Браќа Миладиновци“
Уна Трајковска – ООУ „Крсте Мисирков“
Јана Јовановска – ООУ „Вук Караџиќ“
Софија Салтировска – ООУ „Кочо Рацин“
Меланија Станковиќ и Арон Арифи – ООУ „Толи Зордумис“
Ана Стевановиќ – ООУ „Христијан Карпош“
Милан Краљевиќ – ООУ „Магдалена Антова“
Арита Јашари – ООУ „Битолскиот Конгрес“ с. Лопате
Лука Крстиќ – ООУ „Карпош“ с. Умин Дол
Ангела Величковска – ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце
Мердијан Салихи – ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези
Андреј Гроздановски и Ајтен Миртезани – ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце
Милица Симоновски и Сумеја Клајќи – ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце
Каја Поповска и Елона Ислами – УОМО „Панче Пешев“
Општина Старо Нагоричане:
Јована Андоновска – ООУ „Христијан Карпош“, с. Младо Нагоричане
Тимотеј Крстевски – ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, с. Драгоманце
Лана Стаменковиќ – ООУ „Светозар Марковиќ“, с. Старо Нагоричане