Повреден пешак на патот кај село Никуштак

Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера во 22:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-село Никуштак, во село Отља, општина Липково, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52 години) од село Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63 години) од село Отља.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)