Повреден слупчанец во сообраќајна незгода

Шеесет и двегодишен жител на липковското село Слупчане е тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера се случила на регионалниот пат Куманово – Липково.

Според МВР, вчера околу 14.00 часот во полицијата било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово – село Липково и улицата „11 Ноември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 62 годишен жител на липковското село Слупчане и патничко возило „мерцедес“, со белгиска национална ознака, управувано од  27 годишен кумановец.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Слупчане, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

Коментари

коментар(и)