Повторно прекршен полицискиот час во Куманово

По однос на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, во Куманово биле казнети 85 лица.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (13.04/14.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 113 лица не ја почитувалe.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 85, во Крива Паланка 24 и во Кратово 4 и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период три лица (едно лице во Куманово и две во Крива Паланка) не ја почитувале забраната за движење и ќе бидат соодветно санкционирани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)