Општина Куманово доби донација од три противпожарни возила со кои ќе располагаат пожарникарите на ТППЕ Куманово.
Претставници од Територијалната противпожарна единица Куманово и од Доброволното противпожарно друштво посетија петдневна обука за справување со пожари на отворен простор и обука за спасување на лица од височина, во покраинската област Тирол, Австрија, пишува во соопштението на Општина Куманово испратено до медиумите.
Според информациите, учесниците на практичната едукација стекнале нови знаења и вештини, кои ќе бидат пренесени на останатите вработени во ТППЕ Куманово. Исто така, претставниците на двата тима имале можност да се запознаат со функционирањето на противпожарниот систем на Австрија и со работните активности на доброволните противпожарни друштва.