Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на опожарена сува трева кај споменикот Костурница и кај месноста Серава, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, и пожарникарите од општина Старо Нагоричане вчера попладне гаснеле опожарена сува трева во селото Младо Нагоричане.