Лина Аневска и Марио Пешевски од Атлетскиот клуб Куманово со солидни резултати се вратија во Куманово од Софија каде што со репрезентацијата на Македонија учествуваа на младинското Балканско првенство во сала.
Како што информира тренерот и претседател на Атлетски клуб Куманово Филип Колевски, Марио настапил во трискок и за прв пат скокал од одразна даска на 13 м, а Лина настапила во скок во далечина.