Пожарникарите гаснеле електрично броило во Карпош

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на три локации, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според РЦУК, првата интервенција била во атарот на селото Табановце каде била запалена сува трева и лозје.

Втората интервенција била во населбата Карпош, кај м.в.Никуљски пат каде што исто така била запалена сува трева, а во истата населба гаснеле и опожарено електрично броило во семеен дом, вчеравечер околу 23 часот.

Коментари

коментар(и)