Приведен кумановец за издржување затворска казна

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово, врз основа на судска наредба, на улицата 405 во Куманово го лишиле од слобода Д.Г. (24 години).

Тој се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело -„насилство.“ Д.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)