Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ и денеска работат на целосно гасење на пожарот на депонијата Краста кој избувнал вчера.
„Преземени се активности за нејзино гасење во делот на механизација и ангажирани се екипи задолжени за гасење на пожарот. Пожарите на депониите се специфични, мора да се затрупуваат со земја и песок. Вчера, беа вклучени и противпожарни екипи, денеска работат екипи на претпријатието, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ.