На само еден месец од почетокот на пандемијата, градоначалникот заедно со Советот на општината изгласаа намалување на фирмарина од 6.000 денари на 4.000 денари – мерка која беше позитивно прифатена од бизнис секторот. Со блиска соработка и слушање на потребите на бизнис заедницата од малите и средни претпријатија, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, уште на самиот почеток на пандемијата понуди помош и поддршка, чија цел беше помош и заштита на економијата во градот.
– Вратите на општината се отворени како за сите граѓани така и за бизнис заедницата, максимална помош и поддршка имаат сите бизнисмени во Куманово. Компаниите се токму тие кои плаќаат даноци и комуналии во општината од кои и самата се финансира со цел за реинвестиција на буџетот за инфраструктура, школство, хигиена со еден збор за поубаво и функционално Куманово – рече градоначалникот Димитриевски.
На само еден месец од почетокот на пандемијата, градоначалникот заедно со Советот на општината изгласа намалување на фирмарина од 6.000 денари на 4.000 денари – мерка која беше позитивно прифатена од бизнис секторот. Потоа се донесе и втората мерка за малите и средни претпријатија со која компаниите кои користат јавни уредени површини пред својот деловен простор (угостителски објект, тезги и др.) се ослободуваат од комунална такса за нивно користење.
Како дополнување на мерките градоначалникот Димитриевски за угостителските објекти обезбеди еднократна помош со средства за дезинфекција, ракавици и заштитни маски.