Поради наводен мобинг млад полицаец ја напуштил работата

Синдикатот на полиција во Македонија информира дека поради притисоци, малтретирање и мобинг неодамна МВР го напушти уште еден нивни член, полициски службеник од СВР Куманово. Се работи за млад и чесен припадник на полицијата, којшто учествувал во извршување на најсложени полициски задачи, а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната идиница на при СВР Куманово, при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето, соопштуваат од Синдикатот.

Од таму велат без никаков повод и причина и без никакво образложение првин од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско решение бил распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче.

Тој поднел барање за надомест за патни трошоци, кое без никакво образложение му било одбиено.

Синдикатот најостро ги осудува сите погоре наведени форми на вознемирување, притисок и директен реваншизам и упатуваме отворен повик до МВР и Одделот за внатрешна контрола да го истражат целиот случај,  соопштува Синдикатот на полицијата на Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)