Поскапеа бензините и горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за денар ипол по литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ  и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за 1,00 денар, одлучи вчера  Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 68,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 70 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 60, а екстра лесното масло по цена од 59,50 за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголеми за 0,800 ден/кг и изнесува 35,243 денари за килограм.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)