Поставен нов систем за греење во гимназиската спортска сала

Инсталиран е нов систем за греење во училишната спортска сала во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните. Претходно се реконструираше покривот на гимназијата.

-Очекуваме значително подобри услови за изведување на наставата. Системот е приклучен на постоечкото греење од централниот објект. Во моментов се затоплуваме на гас-изјави директорката на гимназијата, Марија Тодоровска.

Гимназијата „Гоце Дечев“ доби и нова училишна опрема, набавени беа 430 полиуретански столови, нова спортска опрема за гимнастика и спортски реквизити, како и дополнителна опрема за музичкиот кабинет. Претходно, заврши реконструкцијата на покривот на кумановската гимназија и во тек е поставување нова енергетски ефикасна фасада. Заменети се прозорците на двата објекти. Проектот е финансиски поддржан од општина Куманово, додека гимназијата набави врати за училишните кабинети, компјутерска опрема, нови столчиња, клупи и клима уреди за кабинети.

Коментари

коментар(и)