Постои сомнеж дека зачестените пожари преиодов се подметнати

Пожарот, кој вчера избувнал во атарот на селото Матејче, во близина на манастирот „Пресвета Богородица“, целосно е изгаснат. Пожарот бил пријавен во 15.40 часот, по што екипи на противпожарната единица Куманово излегле на терен.

Пожарот е локализиран околу 18 часот кога почна да врне дожд и екипите се повлекоа од терен. Од ТППЕ изјавија дека во раните утрински часови ќе направат контрола на опожарената површина, а во случај на повторно активирање на пожарот соодветно ќе се делува.

Во гаснење на пожарот учествувале и вработени во Шумско стопанство.

Вториот пожар е на сува трева во атарот на с. Тромеѓа, во периодот од 19,35 до 21,15 часот, причина – непозната.

Од Територијалната противпожарна единица Куманово, велат дека пожарите намерно се подметнуваат.

Во македонскиот законик, „предизвикување шумски пожар“ е кривично дело против животната средина и природата и предвидена е казна затвор од 8 години.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)