Почина Среќко Поповски, писател и учител

На 94-годишна возраст почина Среќко Поповски, писател и еден од првите учители во Куманово и државата. Роден е на 14.06.1926 година во селото Орашац. Основно училиште завршил во родното село, потоа Учителска школа во Скопје, па Педагошка академија во Врање.Припаѓа на редот на првите учители кои во 1944 година работеле на слободна територија во текот на НОБ, кога Куманово и Скопје не биле ослободени од окупаторот.

Во 1947/48 година Министерството за просвета на НР Македонија го испраќа на мисија како наставник по македонски јазик и македонска историја во Пиринска Македонија.

За својата работа на полето на образованието, литературата и културата Среќко Поповски е одликуван со Орден на труд со сребрен венец, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда и Орден на републиката.

Како просветен работник во пензија, општественик и поет за неговата долгогодишна и неуморна работа на полето на детската литература, во 2003 година му е доделена Ноемвриска награда на град Куманово.

Има добиено повеќе дипломи и благодарници. Неговата хумористично обоена поезија е наменета за децата од помладата училишта возраст.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)