Полициски службеници од СВР Kуманово вчеравечер во 21.30 часот го лишиле од слобода кумановецот Ф.Р.(22), кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна во времетраење од една година и три месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, Ф.Р. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.