По 4-ти пат саем „Органска трпеза“

По четврти пат во Куманово ќе се одржи меѓународниот саем „Органска трепза“, кој традиционално го организира Комората на органски производители и здружението „Живот“. Саемот ќе се одржи на отворено пред комплексот базени во сабота, согласно протоколите за заштита на здравјето. Годинава се пријавиле учесници од државата, Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска, Словенија, Русија, Словачка, Црна Гора, Косово. Целта на саемот е да им помогне на производителите да ги презентираат производите, да ги прошират контактите во регионот од централна и југоисточна Европа, да ги согледаат предизвиците со кои се соочуваат и да почнат да се вмрежуваат.

Покрај операторите со храна, ќе учествуваат и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехранбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство.

На саемот ќе има и културно-уметничка програма, предвидено е присуство на претставници од локална, централна власт, претставници на традиционални произвдители, занаетчии.

Предвидено е да се презентираат агенции, асоцијации, федерации, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори, издавачки куќи, портали, нутриционисти и сертификатори кои на свој начин го помагаат и унапредуваат органското производство, печатени и електронски медиуми и ТВ куќи, стопански комори од земјата и од странство, како и дипломатски претставништва и амбасади.

 

Коментари

коментар(и)