Препорачано укинување на маските во затворен простор, но не секаде

Комисија за заразни болести денеска одржа редовен состанок на кој донесе одлука за намалување на рестриктивните мерки и препорача две нови мерки.

-Предлагаме укинување на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок од оваа мерка се здравствените установи, домови кои згрижуваат лица, аптеките и јавниот превоз. Маските може да се носат само по желба, но задолжително носење не се практикува, велат од Комисијата.

Оваа мерка ќе се однесува и на наставниците, односно и тие повеќе нема да бидат обврзани да носат заштитна маска.

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти.

-Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките, посочија од Комисијата.

Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, а доколку таму бидат усвоени ќе се најдат на седница на владата за крајно усвојување и стапување во сила.

Коментари

коментар(и)