Приведена кумановка, осомничена за повеќе кражби

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово ја лишиле од слобода М.З. (23 години) од Куманово, којa се сомничи дека извршила повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ на подрачјето на Куманово.

По целосно документирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена соодветна  пријава, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)