Приведени странски државјани на Табановце

Во три оделни случаи вчера биле приведени државјани на Албанија, Грузија и Украина на Граничниот премин Табановце.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, државјанин на Албанија бил приведен со марихуана.

Грузиецот, па се обидел да премине граница со фалсификувана ерменска возачка дозвола, А Украинецот исто така имал лажна дозвола, но украинска, па и тој бил приведен.

Сите тројца биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)