Полициски службеници од СВР Куманово во село Никуштак го лишиле од слобода Н.Б.(46 години) од село Арачиново, скопско, затоа што со товарно моторно возило се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Н.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира полицијата.