На граничниот премин Табановце, на излез од државата, вчеравечер полициски службеници лишиле од слобода 37-годишен државјанин на Република Грција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека возилото „рено колеос“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по барање од Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштува МВР.
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце
