МВР соопшти дека на 04.03.2025 во 14.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Б.(45) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека на увид приложил фалсификувана лична карта.
Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка.